ОСНОВА: Дизморфофобија, или на англиски Body Dismorphic Disorder (BDD) е релативно често и многу тешко заболовање кое многу пати поминува недијагностицирано. Со вакви пациенти во контакт се како психијатрите така и пластичните хирурзи и дерматолозите затоа што ваквите пациенти многу често се обраќаат кај нив барајќи естетска корекција која најчесто не е решение на нивниот проблем. Ова заболување е битно, треба да се помисли на него за да се дијагностицира затоа што е проблем за пластичните хирурзи затоа што овие пациенти прават проблеми, никогаш не се задоволни, ги тужат своите доктори, така претставува проблем е и за самите пациенти затоа што овие пациенти се сериозно болни. Тоа се пациенти кои не се задоволни со својот изглед, најчесто се со самоубиствени идеи, некои веќе имаат во минатото обиди за самоубиство, а дел и завршуваат со самоубиство. Затоа ова заболување е важно, не смее да се потцени и треба да се помисли на него за да се дијагностицира.ЦЕЛ: Од севкупно искористената литература, произлезе целта на истражувањето, а тоа е да го покаже процентот на застапеност на БДД испитуван по студии во естетската хирургија, да се види на која возраст пациентите најчесто бараат естетска корекција, и да се презентира понатамошниот тек на ова заболување кај пациенти кои се јавиле и добиле хируршки третман. Во заклучокот се дискутира за процентот на БДД кај пациенти кои побарале естетска операција и околу тоа дали такви пациенти треба да се третираат хируршки.МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ: Беше направено пребарување во базите на податоци со отворен пристап Pub Med, Embase Medline. Пребарувањето беше направено според клучните зборови “body dysmorphic disorder, BDD”, “aesthetic surgery”, “prevalence”, “outcome”. Беа вклучени сите трудови каде беше опишана БДД во естетска хирургија и исходот на естетските процедури кај БДД пациенти. Исклучувачки критериуми: Студии на детска популација, студии кои не беа на англиски јазик, студии каде БДД се разгледа во нехируршки естетски студии, студии каде се објаснува БДД и коморбитетот, студии кои не се дадени во целост. Во прегледот беа вклучени проспективни, пресечни и ретроспективни студии кои беа достапни во целосен текст. Беше направен и преглед на референтните листи од студиите кои беа вклучени во овој ревиски труд за добивање на дополнителни релевантни податоци.РЕЗУЛТАТИ: Резултатите добиени од литературните и научните истражувања укажуваат на фактот дека степенот на застапеност на БДД во естетска хирургија варира во поединечни студии. Воочена е најниска застапеност од 3.2, а највисока застапеност од 53.6% што укажува на јасна врска меѓу пациенти со БДД кои бараат естетска хируршка интервенција. Во просек овие пациенти се околу 40-та година од животот. Во однос на резултат од естетскиот третман на лицата со БДД разгледани се 2 студии и како заклучок може да се каже дека естетските интервенции во еден одреден лимитиран дел водат до подобрување на симптоматологијата на БДД.ЗАКЛУЧОЦИ: БДД е често психијатриско заболување кое често води до естетска хируршка интервенција. Битно е да посто...
scite is a Brooklyn-based organization that helps researchers better discover and understand research articles through Smart Citations–citations that display the context of the citation and describe whether the article provides supporting or contrasting evidence. scite is used by students and researchers from around the world and is funded in part by the National Science Foundation and the National Institute on Drug Abuse of the National Institutes of Health.
customersupport@researchsolutions.com
10624 S. Eastern Ave., Ste. A-614
Henderson, NV 89052, USA
This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
Copyright © 2024 scite LLC. All rights reserved.
Made with 💙 for researchers
Part of the Research Solutions Family.