Screening and confirmatory methods for aflatoxin M 1 (AFM 1 ) analysis were optimized and studied regarding the European Decision 2002/657/EC requirements. The recoveries of AFM 1 from the spiked samples at levels between 0.025 and 0.075 µg kg -1 were 99.6-110.3% with precision of 10.5-13.4%, confirming the immunochemical method precision and reliability for intensive surveillance studies. According to the regulatory requirements, for confirmation of the obtained positives from the screening, the reference high-performance liquid chromatographic procedure was evaluated in reference to the performance criteria. The between-day recovery obtained was in the range 67.2-72.8%, and the precision range was 5.4-9.1%. Two hundred and twenty five positives from the screening were subjected to confirmatory analysis. Comparison of the data obtained from the immunoassay and chromatographic method (R 2 = 0.764) revealed a slight overestimation of the screening method, but no cases of false-negative determinations occurred. Во овој труд се оптимизирани и проучeни скринингот и методот за потврдување анализа на афлатоксин М 1 (AFM 1 ) со оглед на барањата на Одлуката 2002/657/EC на Европската комисија. Oд спикуваните примероци на ниво на концентрации помеѓу 0,025 и 0,075 µg kg -1 се добиени аналитички приноси за AFM 1 во опсег од 99,6 до 110,3 %, при што утврдената прецизност се движи во опсегот од 10,5 % до 13,4 %. На тој начин е потврдена прецизноста и сигурноста на имунохемискиот метод за негова примена при интензивни надзорни студии на голем број примероци. За релевантно потврдување на позитивните резултати од скринингот е неопходно да се изврши процена на изведбата на референтниот високо ефикасен течно-хроматографски метод, земајќи ги предвид критериумите утврдени во регулативата. Аналитичкиот принос кој е определен во текот на два дена се движи во опсегот од 67,2 до 72,8 % и прецизноста од 5,4 % до 9,1 %. Со примена на потврдниот хроматографски метод повторно беа анализирани 205 позитивни примероци од скринингот. Споредбата на податоците од резултатите добиени со скринингот и потврдниот метод (R 2 = 0,764) покажа дека концентрациите на АFM 1 кои се определени со скринингот во одредена мера се повисоки, но не се утврдени лажно негативни резултати.