The aim of this study was to investigate the yield and chemical composition of the essential oil (EO) isolated from over-ground parts of different populations of Hypericum perforatum L. (Hypericaceae) (HP) from southern Albania. The EO yield of 11 specimens of indigenous populations of HP ranged from 2.50 ml/kg to 11.00 ml/kg. GC/FID/MS analyses of the EOs revealed a total of 126 identified compounds representing 77.35-88.29% of the oils. Based on the prevalence of principal components, two types of EO were distinguished: pinene-type, which included seven populations with EO rich in α-pinene, and caryophyllene-type, which included four populations with EO rich in trans-(E)-caryophyllene and caryophyllene oxide. The information obtained can help to assess the potential of the studied Albanian populations for further sustainable wild exploitation to take it into a consideration as a resource of valuable genetic material or for further cultivation and breeding.Keywords: Saint John's wort; GC/FID/MS; wild populations; types of oil
СОСТАВ НА ЕТЕРИЧНО МАСЛО ОД ДИВОРАСТЕЧКИ ПОПУЛАЦИИ НА HYPERICUM PERFORATUM L. ОД ЈУЖНА АЛБАНИЈАЦелта на оваа студија беше да се испита приносот и хемискиот состав на етеричните масла (ЕО) изолирани од надземниот дел на различни популации на растението Hypericum perforatum L. (Hypericaceae) (HP) од јужна Албанија. Содржината на маслото од 11 диворастечки популации на HP се движи од 2,50 ml/kg до 11,00 ml/kg. Со GC/FID/MS беше извршена анализа на соодветните етерични масла, беа идентификувани вкупно 126 компоненти, што претставува 77,35% до 88,29% од вкупната содржина на маслата. Врз основа на застапеноста на главните компоненти, се разликуваат два типа масла: пиненски тип, во кој спаѓаат седум популации чијашто главна индивидуална компонента е α-пинен, и кариофиленски тип, во кој спаѓаат четири популации богати со trans-(E)-кариофилен и кариофилен оксид. Добиените резултати можат да придонесат за процена на потенцијалот на албанските диворастечки популации за понатамошна нивна експлоатација, но и нивно користење како вреден извор на генетски материјал или за нивно култивирање и размножување.Клучни зборови: кантарион; GC/FID/MS; диворастечки популации; типови на етерично масло N. Bardhi, Gj. Stefkov, M. Karapandzova, I. Cvetkovikj, S. Kulevanova Maced.