In stalk of red hot pepper (Capsicum annuum L.) with 0.25 mm, 0.5 mm and 1.0 mm particle sizes, the quantities of nutritive and volatile compounds, bioactive capsaicin and carotenoids were determined. Furthermore, the stalk was characterized using TGA, DSC and FTIR spectroscopy. The influence of the particle size on the content of proteins, ash and cellulose is insignificant. Compared to 0.5 and 1.0 mm, stalk with 0.25 mm particle size was darker with a deeper yellow-brown color, and richer in microelements. Among the quantified volatile compounds, 6 were esters, 2 terpenoids, and 1 acid. The highest quantity of extract rich fats was obtained from stalk with 0.25 mm particle size by using ethanol, which is more efficient for capsaicin extraction, while n-hexane is efficient for extraction of carotenoids. Stalk with 0.25 mm particle size was characterized with a higher degradation temperature and residual weight.Keywords: red hot pepper stalk; physicochemical characterization; nutritive value; bioactive compounds; thermogravimetric analysis
ФИЗИЧКОХЕМИСКА КАРАКТЕРИЗАЦИЈА И БИОАКТИВНИ КОМПОНЕНТИ ВО ДРШКАТА ОД ЛУТИ ПЛОДОВИ НА CAPSICUM ANNUUM L.Во дршката од црвена лута пиперка (Capsicum annuum L.) со големина на честички од 0,25 mm, 0,5 mm и 1,0 mm се утврдени количествата на нутритивните и испарливите компоненти, на биоактивниот капсаицин и каротеноидите. Дршката беше карактеризирана и со помош на TGA, DSC и FTIR-спектрометрија. Влијанието на големината на честичките врз содржината на протеини, пепел и целулоза е незначително. Во споредба со 0,5 mm и 1,0 mm, дршката со големина на честички од 0,25 mm е потемна, со изразито жолтокафеава боја и побогата со микроелементи. Од испарливите компоненти кои беа квантифицирани, 6 беа естери, 2 терпеноиди и 1 киселина. Најголемо количество екстракт богат со масти беше добиено од дршката со големина на честички од 0,25 mm со користење на етанол, кој е поефикасен за екстракција на капсаицинот, додека n-хексан е ефикасен за екстракција на каротеноидите. Дршката со големина на честички од 0,25 mm се карактеризира со повисока температура на деградација и повисок масен остаток.Клучни зборови: дршка од црвена лута пиперка; физичкохемиска карактеризација; нутритивна вредност; биоактивни компоненти; термогравиметриска анализа