Search citation statements
Paper Sections
Citation Types
Year Published
Publication Types
Relationship
Authors
Journals
ОСНОВА: Банка за хумана ДНК (хДНАМКД) претставува складирање на примерок на ДНК од поединецот, како и нејзино безбедно и долгорочно чување со цел да се обезбеди примерок на генетски материјал за медицински и научни истражувања. Македонската банка за хумана ДНК датира од 2000 година и во неа се дефинирани неколку проектни полиња. Медицинската сестра како дел од стручниот тим извршува многу активности со кои учествува во истражувачката дејност на хДНАМКД.ЦЕЛ: Целта е да се презентира улогата на мединцинската сестра во хДНАМКД во сите сегменти во кои таа зема учество почнувајќи од земањето на писмена согласност, земање на примероци, ДНК екстракција и складирање на истата.МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: Примероците на ДНК се земени од доброволни дарители по претходно потпишана согласност, доброволно и без притисок. Поединците се информирани во однос на видот на истражувањата што ќе се вршат, аранжманите за пристап и споделување на складираните примероци и времетраењето на чување на примероците. ДНК е изолирана од периферна крв со фенол-хлороформ метод за екстракција. Квалитетот и квантитетот на изолираната геномска ДНК е определен со 260/280 УВ спектрофотометар со GENEQUANT pro RNA/DNA калкулатор. Интактноста на изолираната ДНК е одредена со електорфореза на ДНК на агарозен гел по што истата се аликвотира во нормализирана концентрација и се складира во замрзнувач Heraus Sepatech на -80оЦ.РЕЗУЛТАТИ: Во хДНАМКД се дефинирани три проектни области: антропологија, несродни пациенти и сродни пациенти. Лабораторискиот код за ДНК примероците што се чуваат во Македонската банка за хумана ДНК е MKDSPI. Вкупниот број на примероци кои се складирани во Македонската банка за хумана ДНК до крајот на 2010 година е 5252 примероци – 1575 во антропологијата, 2186 несродни пациенти и 1491 сродни пациенти.ЗАКЛУЧОК: Медицинската сестра има целокупно учество во собирање на сите важни информации за генетските истражувања како земање на семејна историја, медицински информации и доброволна согласност од страна на дарителите. При тоа мора да ги применува етичките приципи за одржување на приватноста и доверливоста на генетски информации. Преку правилно земање и соодветно одбележување на примероците крв таа обезбедува точност на резултатите добиени од генетските истражувања. Претставува неопходен дел од тимот на хДНАМКД заради што треба да има големо искуство и знаење од областа на генетиката и медицинската етика.BACKGROUND: Human DNA Bank (hDNAMKD) provides deposition of a DNA sample of an individual, and its safe and long term storage in order to provide genetic material for medical and scientific research. The Macedonian Human DNA Bank dates back to year 2000 and it covers several project areas. The nurse as a part of the professional team performs many professional activities, by which, she participates in the research activity of hDNAMKD. AIM: Our aim is to present the role of the nurse in hDNAMKD, starting from obtaining informed consent, taking samples, extraction and finally, storage of DNA. MATERIAL AND METHODS: DNA samples are taken from voluntary...

scite is a Brooklyn-based organization that helps researchers better discover and understand research articles through Smart Citations–citations that display the context of the citation and describe whether the article provides supporting or contrasting evidence. scite is used by students and researchers from around the world and is funded in part by the National Science Foundation and the National Institute on Drug Abuse of the National Institutes of Health.
customersupport@researchsolutions.com
10624 S. Eastern Ave., Ste. A-614
Henderson, NV 89052, USA
This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
Copyright © 2024 scite LLC. All rights reserved.
Made with 💙 for researchers
Part of the Research Solutions Family.