The occurrence of polycyclic aromatic hydrocarbons (PAHs) in smoked dry fermented sausage with protected designation of origin Petrovská klobása from Serbia was determined by analyzing PAHs from the US EPA and EU priority lists. Peeled natural cased sausages smoked in industrial and traditional smokehouses were studied in order to assess the influence of smoking conditions on the PAH contents. The highest total concentration of EPA PAHs was found in the samples smoked in traditional smokehouse, being almost 15 times higher than the total EPA PAH content in sausages smoked in an industrial smokehouse; the content of EU PAHs in both types of smoked products were similar, being close to 1.5 µg/kg. The most abundant compound was phenanthrene, with an average content of about 31 µg/kg in traditionally smoked samples and about 3 µg/kg in industrially smoked samples. The concentrations of benzo[a]pyrene as well as the total concentrations of benzo[a]pyrene, benzo [a]anthracene, benzo[b]fluranthene and chrysene (comprising the so-called "PAH4" group) were rather low in both types of smoked sausages, being well below the corresponding maximum allowed levels set by the latest European Regulation 835/2011 and not representing any risk to consumers' health.Keywords: Petrovská klobása; polycyclic aromatic hydrocarbons; smoking; traditional sausages; PAH4
ПОЛИЦИКЛИЧНИ АРОМАТИЧНИ ЈАГЛЕВОДОРОДИ ВО ЧАДЕНИ СУВИ ФЕРМЕНТИРАНИ КОЛБАСИ СО ОЗНАКА НА ПОТЕКЛО Petrovská klobása ОД СРБИЈААнализирано е присуството на полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) во чаден сув колбас со ознака на потеклото, petrovská klobása, од Србија преку анализа на PAHs од приоритетните листи на US EPA и EU. Проучувани се излупени колбаси чадени во природна обвивка во индустриски и традиционални чадилници за да се оцени влијанието на условите за чадење на содржината на полициклични ароматични јаглеводороди во нив. Највисока вкупна концентрација на EPA PAHs беше најдена во примероците чадени во традиционална чадилница, која беше за околу 15 пати повисока во споредба со вкупната содржина на овие супстанции најдена во колбасите чадени во индустриска чадилница; содржината на EU PAHs во двата вида чадени производи беше слична и блиска до 1.5 µg/kg. Најзастапено соединение беше фенантрен со средна содржина од околу 31 µg/kg во традиционално чадените примероци и околу 3 µg/kg во индустриски чадените примероци. Концентрацијата на бензо[a]пирен, како и вкупните концентрации на бензо[a]пирен, бензо[a]антрацен, бензо[b]флурантен и хризен (кои ја чинат групата "PAH4") беа ниски во двата вида чадени колбаси, и тоа значително пониски од соодветните максимално дозволени нивоа поставени со најновата европска регулатива 835/2011, така што не претставуваат никаков ризик за здравјето на потрошувачите во однос на присуството на полициклични ароматични јаглеводороди.Клучни зборови: petrovská klobása; полициклични ароматични јаглеводороди; чадење; традиционални колбаси; PAH4