ОСНОВА: Секоја дентална надградба за да ги задоволи основните протетички принципи, треба да овозможи долготрајна и сигурна ретенција со коронката или мостот, за да се постигне правилен пренос на оптоварувањето врз целиот корен и околните потпорни ткива.
ЦЕЛ: Од севкупно искористената литература, произлезе целта на истражувањето, да се испита pull-out тестот во корелација со различните видови цементи употребени за различни видови надградбени системи, поставени врз ендодонтски третирани заби.
МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОД: Литературните податоци за pull-out-тестот во овој ревиски труд се добиени со електронско пребарување на Medline, PubMed Central, Research Gate, Google scholar и останати интернет страници. Поради недостаток на таков тип на податоци од нашата земја тие не се земени во предвид.
РЕЗУЛТАТИ: Резултатите добиени од литературните и научните истражувања укажуваат на фактот дека самоадхезивните смолести цементи допринесуваат до многу добра ретенција на колчињата во коренскиот дел на забот, занемарувајки ја дебелината на цементот.
ДИСКУСИЈА: Според литературните сознанија вo in vitro студиите за рull-out тестот се укажува на атхезија на фибер колчињата со самонагризувачкиот и самоврзувачкиот смолест цемент. Клиничката релеватност на овој тест се базира на фактот дека дебондирањето е најчеста можна грешка при апликација на фибер колчињата. Следователно е дека и аксијалното полнење би се сметало како доминантно при клиничките реставрации. Во други пак студии се прикажува дека смолестиот цемент има значително влијание врз силите на извлекувачката врска и користените колчиња. Анализирајќи други литературни сознанија за карактеристиките на адхезија на испитаните цементи се осознава дека таа зависи и од самоврзувачката способност на phosphoric acid methacrylate мономерите кои ја сочинуваат неговата матрица. Одредени податоци водат кон тоа дека компатибилноста на смолните цементи со површината на колчињата може да придонесе за подобро ретинирање на колчето во коренскиот дел на забот.
ЗАКЛУЧОЦИ: Во склоп на оваа, а и повеќе вакви in vitro студии, се заклучува дека тестираните самоатхезивните смолести цементи можат да придонесат за добра ретенција на колчињата во коренскиот дел на забот, без разлика на дебелината на слоевите од цементот. Коресподирајќи со различни автори и нивните сознанија, дојдено е до интересен заклучок дека најдобри резултати дава за RelyX Unicem цементот. Друг заклучок за секојдневната пракса, е и дека дијаметарот на употребуваните колчиња во дадени моменти може да се занемари, но кога се употребува соодветниот цемент.