In terms of chemical composition, a honeybee secretion known as royal jelly (RJ) is very complex product containing water, proteins, carbohydrates, lipids, mineral salts and small amounts of polyphenols, vitamins and enzymes. Despite its chemical diversity, the bands originating from vibrational modes of the present proteins were successfully assigned in 1800-1200 cm -1 (Raman and IR) region where the interference of bands from other vibrational species is not substantial. The protein bands were attributed to amide I, amide II and amide III modes and their intensities, additionally, enabled to determine the protein secondary structures. The remaining bands up to 4000 cm -1 were attributed to other group vibrations whereas the region below 1200 cm -1 comprises bands from complex interacting modes within the major RJ components that can not be unequivocally attributed to distinct modes. The work also represents a pioneering effort to collect and interpret the Raman spectrum of fresh and lyophilized RJ samples and to correlate and describe the observed similarities/differences between IR and Raman spectra.Keywords: royal jelly; infrared; Raman spectra; band assignments; protein degradation
УВИД ВО ИНФРАЦРВЕНИТЕ И РАМАНСКИТЕ СПЕКТРИ НА СВЕЖ И ЛИОФИЛИЗИРАН МАТИЧЕН МЛЕЧ И СТУДИЈА ЗА ПРОТЕИНСКАТА ДЕГРАДАЦИЈА ПРИ ЗАГРЕВАЊЕ СЛЕДЕНА СО ИНФРАЦРВЕНА СПЕКТРОСКОПИЈАМатичниот млеч (ММ), кој претставува пчелин секрет, има комплексен хемиски состав и содржи: вода, протеини, јаглехидрати, масти, минерални соли и мало количество полифеноли, витамини и ензими. И покрај разновидноста во хемискиот состав, инфрацрвените и раманските ленти кои потекнуваат од присутните протеини беа успешно асигнирани во подрачјето од 1800 до 1200 cm -1 . Тоа се должи на фактот што во оваа област интерференцијата, изразена преку преклопување на ленти од другите хемиски ентитети, е незначителна. Протеинските ленти беа припишани на модовите амид I, амид II и амид III, а интензитетите на лентите дополнително овозможија определување на секундарните структури на протеините. Другите спектрални ленти регистрирани до 4000 cm -1 беа асигнирани на други групови вибрации, додека во областа под 1200 cm -1 не може да се направи еднозначна интерпретација на спектрите поради силното преклопување помеѓу вибрационите ленти од многуте пристутни хемиски конституенти во ММ. Оваа студија претставува пионерски обид да се добијат и интерпретираат раманските спектри на свеж и лиофилизиран ММ како и да се корелираат и објаснат детектираните спектрални сличности/разлики помеѓу инфрацрвените и раманските спектри.Клучни зборови: матичен млеч; инфрацрвен; рамански спектар; асигнација на ленти; протеинска деградација Dedicated to Academician Gligor Jovanovski on the occasion of his 70 th birthday.
S. Lazarevska, P. MakreskiMaced. J. Chem. Chem. Eng. 34(1), 87-93 (2015) 88