A survey is given for the crystallographic and vibrational spectroscopic results of a number of alums. From both types of results (structural and spectroscopic) it is positively known that the sulfate α-alums exhibit orientational disorder of the sulfate anions along the threefold symmetry axis. Both IR and Raman spectra confirm the finding for sulfate disorder in KAl(SO 4 ) 2 ·12H 2 O. Only the Raman spectra show clearly that the sulfate anions in many K, Tl and Rb are indeed disordered, in excellent agreement with the crystallographic results [1]. The disorder depends on the nature and size of M I cations in the structure, the smaller the radius, the larger the disorder. Thus no anion disorder has been detected so far in selenate alums. The structure prediction of KAl(SeO 4 ) 2 ·12H 2 O allows the existence of disorder of the selenate groups. The latter seems to be corroborated by the study of the Raman spectra of selenate α alums. It is thus worthwhile to have the crystal structure of KAl(SeO 4 ) 2 ·12H 2 O refined, in order to check this prediction and as an additional check of the general explanation for the sulfate anion disorder in alums, offered earlier [1].Keywords: alums; crystal structure; prediction of; vibrational spectra; sulfates; selenates; anion disorder ВИБРАЦИОНИ СПЕКТРИ НА ХЕКСААКВА-КОМПЛЕКСИ. XII. ЗА МОЖНАТА НЕСРЕДЕНОСТ НА АНЈОНИТЕ КАЈ СЕЛЕНАТНИТЕ СТИПСИ: ПРЕДВИДУВАЊЕ НА КРИСТАЛНАТА СТРУКТУРА И ВИБРАЦИОНИ СПЕКТРИ НА KAl(SeO 4 ) 2 ·12H 2 O И СРОДНИ СТИПСИ Даден е преглед на кристалографските и спектроскопските резултати на голем број стипси. Од двата типа резултати (структурни и спектроскопски) со сигурност се знае дека сулфатните α-стипси покажуваат постоење на ориентациона несреденост на анјоните долж оската на симетрија од трет ред. И инфрацрвените и раманските спектри го потврдуваат наодот за несреденост на сулфатните анјони кај KAl(SO 4 ) 2 ·12H 2 O. Единствено во раманските спектри јасно се гледа постоење на анјонска несреденост во многу стипси на K, Tl и Rb, во целосна согласност со кристалографските податоци [1]. Несреденоста зависи од природата и големината на M I -катјоните во структурата: колку што е помал радиусот толку поголем е степенот на несреденоста. Кај селенатните стипси не е детектирана анјонска несреденост. Предвидувањето на структурата на KAl(SeO 4 ) 2 ·12H 2 O дозволува постоење на несреденост на селенатните групи. Последниов наод изгледа дека е во согласност и со испитаните рамански спектри на селенатни α-стипси. Според тоа, изгледа важно да се реши структурата на KAl(SeO 4 ) 2 ·12H 2 O, и за да се провери валидноста на предвидувањето, но и како дополнителен тест за порано понуденото објаснение за постоење на анјонска несреденост кај стипсите [1].Клучни зборови: стипси; кристална структура; предвидување; вибрациони спектри; сулфати; селенати; несреденост на анјоните Dedicated to Academician Gligor Jovanovski on the occasion of his 70 th birthday.
V. M. PetruševskiMaced. J. Chem. Chem. Eng. 34 (1), 73-85 (2015) 74 PROLOGUE