Печатарски права: © 2015 Мирко Спироски. Оваа статија е со отворен пристап дистрибуирана под условите на Нелокализирана лиценца, која овозможува неограничена употреба, дистрибуција и репродукција на било кој медиум, доколку се цитираат оригиналниот(ите) автор(и) и изворот.Конкурентски интереси: Авторите изјавуваат дека немаат конкурентски интереси.
ИзвадокПоднесени се забелешки од Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет во Скопје за автентичноста, плагијаризмот и другите етички отстапувања во трудот од Драгица Близнаковска Станчев (Макед Мед Електр С. 2015 Окт 02; 2015; 50012. http://dx.doi.org/10.3889/mmej.2015.50012) за кои, според нив, треба да се повлече трудот од списанието. По внимателна анализа на сите податоци поврзани со објавувањето на овој труд, како и меѓународните правила и стандарди, потребна е корекција на објавениот труд со отстранување на оригиналната статија и дискретна замена со корегираната верзија според политиката на Македонско електронско списание и меѓународните препораки за вакви случаи, како и со внесување нова дата за објавување.