Мирослав Пендароски: Групна социјална работа со адолесценти: некои… 87 Доц. д-р Мирослав Пендароски МИТ универзитет, Факултет за психологија, Скопје ГРУПНА СОЦИЈАЛНА РАБОТА СО АДОЛЕСЦЕНТИ: НЕКОИ ДИНАМИЧКИ НАЧЕЛА UDK: 364-785.24-053.6 ВоведСекоја практика која се занимава со одредена проблематика од научно-апликативен аспект пред себе има низа предизвици, потешкотии, проблеми. Во исто време, таа со себе носи низа предности, специфичности, вредности и свои силни страни, особено во поглед на одредена популација со која се занимава и која ја има за себе како централна целна група. Па така и групната социјална работа како чедо на психологијата на малата група и клиничката психологија, од една страна, и типичната социјална работа и поширокиот социјален супстрат, од другата страна, пред себе си поставува мноштво предизвици, прашања, дилеми. Овој метод има широка примена токму благодарејќи на својата дијалектична и комплексна природа која во себе ја содржи мудроста на малата група која овозможува индивидуален приод пред и во групата, а во исто време со себе ја носи силата на поширокиот општествен концепт и контекст на кој односната индивидуа припаѓа. Во таа специфична ситуација на грижа како за индивидуата (без која групата ја губи својата смисла) така и за поширокото влијание на нејзината работа и дејството врз околината и општеството, воопшто, групната социјална работа предничи во можноста од широка примена врз низа проблематики, прашања, популации. Не попусто постојат мноштво определби, класификации, категоризации на групната социјална работа која секогаш во себе го носи никулецот на психосоцијалниот
scite is a Brooklyn-based organization that helps researchers better discover and understand research articles through Smart Citations–citations that display the context of the citation and describe whether the article provides supporting or contrasting evidence. scite is used by students and researchers from around the world and is funded in part by the National Science Foundation and the National Institute on Drug Abuse of the National Institutes of Health.
customersupport@researchsolutions.com
10624 S. Eastern Ave., Ste. A-614
Henderson, NV 89052, USA
This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
Copyright © 2025 scite LLC. All rights reserved.
Made with 💙 for researchers
Part of the Research Solutions Family.