ОСНОВА: Одредувањето на концентрацијата на крвните лактати на различни степени на ергометриско лабораториско оптоварување е од интерест за следење на лактатна толеранција и адаптацијата на гликолизата како важен енергетски извор во текот на фудбалската игра. Крвните лактати се често користен индикатор за анаеробната лактатна енергетска продукција во фудбалот. Всушност, тие го покажуваат балансот помеѓу создавањето, ослободувањето и отстранувањето на лактатите, и како такви, за да бидат индикатор, неколку факти треба да се земат предвид.
ЦЕЛ: Целта ноа оваа студија е да се утврдивлијанието на одделните фази одтренажниот процес во фудбалот врз крвните лактати кај професионали фудбалери,како и да се утврдат разликите на концентрациите на крвните лактати помеѓу одделните фази на тренажниот процес.
МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: Истражувањето е организирано од страна наПЗУ Кинетикус, Скопје во тек на 2014 година. Во студијата е опфатен примерок од 36 испитаници кои седефинирани како професионални фудбалери од еден фудбалски тим од Првата национална фудбалска лига на возраст од 18-32 години.Со помош на крвен анализатор "ACCUSPORT" одредена е концентрацијата на крвните лактати во ммол/л, во мирување, по завршување на секој степен на оптоварување на максималниот ергометриски тест и во фазата на опоравување (3 минути по завршување на тестот) -Лак мир, Лак 3мин, Лак 6мин, Лак 9мин, Лак 12мин, Лак 15 мин, Лак макс и Лак опор.
РЕЗУЛТАТИ: Крвните лактати при максимален прогресивно растечки ергометриски тест покажаа значајни промени, и тоа, при петтиот степен на оптоварување (на крајот од 15-та минута), при максимално оптоварување и во фазата на опоравување, три минути по завршувањето на тестот.
ЗАКЛУЧОЦИ: Значајното намалување на крвните лактати на петтиот степен на оптоварување, кој е всушност нивото на кое е постигнат AnT од 4 ммол/л, по подготвителната фаза, можеби индицира почетни знаци на адаптација на гликолизата и лактатната толеранциј