Introduction.Epulis fissuratum is a fibrous hyperplasia of the oral connective tissue, which occurs by the continuous mechanical irritation with low intensity of removable dentures edges. Material and method. The presented case report is based on the evident changes in the mouth of the patient from the Department of Prosthodontics, wearing complete removable dentures over a period of 20 years. As a result of a long-lasting wearing of the dentures without appropriate control examinations, corrections, or replacing, we found inflammatory tissue hyperplasia around the vestibular edge of the lower removable denture during clinical examination. An intervention for removal of the changed tissue was performed at the Department for oral surgery. Results. After initial tissue consolidation, a prosthodontic rehabilitation with producing a new pair of dentures was done. Aim. The purpose of our study is to show the multidisciplinary approach for complete rehabilitation in a patient with Epulis fissuratum. Key wo rds: complete removable dentures, Epulis fissuratum.
АпстрактВовед. Epulis fissuratum претставува фиброзна хиперплазија на сврзното ткиво во устата, која се јавува како резултат на континуирана механичка иритација со мал интензитет, а која најчесто потекнува од работ на подвижните протези. Материјал и метод. Прикажаниот случај се однесува на пациент од Клиниката за стоматолошка протетика кој е носител на тотални протези во период од 20 години. Како резултат на долготрајното носење на протезите без соодветни контролни прегледи и корекции, односно без замена на протезите со нови изработки, кај пациентот e забележана промена во вид на инфламаторна хиперплазија на ткивото околу вестибуларниот раб на долната тотална протеза. На клиниката за Орална хирургија извршена е орално-хируршка интервенција со која е отстрането променетото хиперпластично ткиво. Резултати. По иницијалната консолидација на ткивото, се отпочна протетичка рехабилитација со изработка на пар нови тотални акрилатни протези. Цел. Целта на овој труд е да се прикаже мултидисциплинарниот пристап неопходен за потполна рехабилитација кај пациент со Epulis fissuratum. Клучни зборови. тотални протези, Epulis fissuratum.